Први ја искористија дечињата со церебрална парализа кои денес беа на посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
-Сакам јасно да порачам дека Општина Кисела Вода ќе биде пример за инклузивна општина, а лицата со посебни потреби секогаш можат да сметаат на мене, и како човек и како градоначалник. Поставената рампа, освен што им овозможува физички пристап, претставува и симбол на отвореноста на општината и на мене како градоначалник кон овие лица и кон сето она што им треба-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Посетата, освен за дружење со дечињата, беше искористена и за евидентирање на бројните проблеми со кои се соочуваат овие лица. Од страна на градоначалникот добија ветување дека интензивно ќе се работи на нивно надминување.
-Денес поставивме пристапна рампа, договоривме бележење на паркинг места за лица со инавалидност во Драчево, а веќе се разработува идејата за реализирање на јавно-приватно партнерство за отворање на Дневен центар за лица со попреченост, но кој би ги опфатил сите категории. Вакви центри има во Шведска, Бугарија и уште во неколку други земји. И сакам да ви ветам дека од сега, сите при градењето на ситеинфраструктурни проекти во општина Кисела Вода, ќе се внимава тие да бидат достапни за лицата со посебни потреби-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Гости кај градоначалникот Ѓорѓиевски беа и дечињата од Здружението за инклузија на лица со посебни потреби, заштита на самохрани родители, “ЕЦЕ”, како и од Здружението за помош и поддршка на лицата до Даунов синдром, “Трисомија 21”. Паралелно, во присуство на претставници од Општина Кисела Вода, во ООУ Невена Георгиева Дуња, по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, заедно со учениците од ДУРМДОВ “Димитар Влахов”, се одвиваше работилница за “Да направиме еднаков свет за сите”.