Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, денеска изјави дека изборниот резултат во Никшиќ не е негов политички крај, додавајќи дека неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС) и натаму е најсилната политичка партија во Црна Гора.
-Видовте дека тоа не се случи во овој случај, дека ДПС го подобри резултатот во однос на парламентарните избори и на тој начин ја објави својата стабилна улога на црногорската политичка сцена и нејзината водечка улога во претставувањето на европската иднина на Црна Гора и, верувам, нејзиното неизбежно враќање во државната власт во Црна Гора, рече Ѓукановиќ.
Црногорскиот претседател проценува дека се уште постои еуфорија по големата победа на опозицијата на парламентарните избори од 30 август минатата година и дека поради тоа гласачите не гледаат рационално на нивната влада.
-Треба да се забележи дека само неколку месеци по победата на денешната владеачка коалиција, победа што ја чекаа 30 години, еуфоријата на победниците е се уште на сцена, па мислам дека мал број гласачи се уште се способен рационално да го анализира квалитетот на владата во претходните неколку месеци, но мислам дека тоа ќе следи во наредните месеци. Сепак, дојде до промена во структурата на поддршката што ја доби државната владеачка коалиција, рече Ѓукановиќ на ТВ Нова БиХ.