Премиерот Христијан Мицкоски најави дека голем глобален инвеститор ќе вложи околу 1,5 милијарди евра во неколку различни бизниси во Македонија.
Информацијата ја соопшти на денешниот брифинг со новинари во Клубот на пратениците.
Наскоро ќе бидат познати повеќе детали
Според Мицкоски, за многу кратко време јавно ќе биде објавено името на инвеститорот, како и дејностите во кои ќе бидат насочени инвестициите.
Повеќе детали за најавените вложувања се очекуваат во наредниот период.
