Повторно се огласи младиот човек билен од цистична фиброза Игор Пехчевски, кој се обрати до премиерот Димитар Ковачевски.

„Премиере Dimitar Kovacevski. Дали ПРАТИТЕ и СЛЕДИТЕ што ни се случува во јавноста?
Како Министерот за здравство Fatmir Mexhiti си поигрува во емисии и ги нарекува пациентите кои бараат лек за Цистична фиброза со епитети дека се ШОУМЕНИ и не го донесува ВЕТЕНИОТ ЛЕК ТРИКАФТА(KAFTRIO) кој за нас ЖИВОТ значи! #имамеправоналек ГО БАРАМЕ ЛЕКОТ ТРИКАФТА ДА НИ СЕ ДАДЕ ВЕДНАШ“, пишува на својот фејсбук профил Пехчевски.