Организаторите соопштија дека српскиот тенисер е казнет поради „гласни вулгарности“ за време на дуелот со Сафиулин
Седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, е парично казнет со 5.600 фунти поради недолично однесување за време на осминафиналниот натпревар против Русинот Роман Сафиулин.
Организаторите на грен слем турнирот денеска соопштија дека казната е изречена поради „гласни вулгарности“ што Ѓоковиќ ги изговорил во текот на натпреварот одигран во неделата.
Ѓоковиќ избори полуфинале и ќе игра против Синер
Ѓоковиќ во осминафиналето го совлада Сафиулин со 7:6, 6:3, 3:6 и 6:3.
Потоа, српскиот тенисер обезбеди место во полуфиналето, откако вчера во пет сета го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.
Во борбата за пласман во финалето, противник на Ѓоковиќ ќе биде светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер.
