Денеска попладне беа пријавени неколку пожари на територијата на државата од кои поспецифичен, според проширувањето, е пожарот кај Богданци, како што известува Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК- Струмица. Тој започнал во поле, а подоцна се проширил и во шумата, на местото викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарникари со 4 пртивпожарни ПП возила од ТППЕ Гевгелија и 4 лица од Национални шуми подружница Гевгелија. Потоа, на помош дошле и од Општина Богданци, а и мештаните се вклучиле во гасење.

Пожарот, заради ветерот и лошите теренски услови – непристапност и густа трнеста вегетација, се проширил до селото Ѓавото. Затоа е побаран хеликоптер за гаснење на пожарот на непристапните места, што во моментот се остварува.