Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изминативе денови учествуваше на најголемиот политички летен камп во Европа „Балвањос, универзитетски и студентски камп“ кој традиционално по 31 пат се одржува во Трансилванија.

На социјалните мрежи тој кусо ги сподели впечатоците од кампот.

-Балвањос, универзитетски и студентски камп е најголемиот политички камп во Европа, интересен концепт, многу млади, многу теми, прекрасна енергија, напиша Николоски на Фејсбук.