Голем пожар избувна на најголемиот пазар во светот, кој се наоѓа во Париз, пишува „Ле фигаро“.

Чадот предизвикан од пожарот е видлив на неколку километри наоколу, пренесува медиумот.

Пазарот, според написите е многу привлечно место за посета на љубителите на храна кои патуваат.

Се протега на површина од 234 хектари.

Пожарникарите се на местото на настанот и апелираат да не се оди во тој дел од градот.