Голем протест во Белград против ископ на литиум во Србија. Огромен број граѓани целосно го покрија платото Терасија, а бројот на насобраните беше толку голем што камерите на некои телевизии имаа проблеми да ги снимаат говорите планирани на овој собир.
Протестот го следеа бројни канали на социјалните мрежи, но и таму беше забележливо дека сигналот им се прекинува на различни начини, а сите имаат одредени технички проблеми.
Претпоставката е дека на протестот имало собрани околу 30.000 граѓани, но тешко е да се утврди со сигурност бидејќи толпата се прошири низ целиот центар на Белград. И полицијата официјално признава дека имало околу 30.000 луѓе, но некои опозициски лидери тврдат дека имало дури околу 80.000 луѓе.