Принцезата Евгенија, внука на кралицата Елизабета Втора, денеска објави дека е бремена со второто дете.

На својот Инстаграм профил таа објави фотографија на која се гледа како синот и го бакнува стомакот.

-Возбудени сме што може да споделиме со вас дека нашето семејство ќе се прошири ова лето, објави принцезата.

Таа и сопругот Џек се венчаа во 2018 година. Во 2021 година во февруари го роди синот Август.