Пет лица, двајца туристички водичи и тројца посетители останаа заробени во Крижна јама во областа Церкница во Словенија поради обилните врнежи во попладневните часови. Службата за заштита и спасување добила повик нешто по 17 часот.
На местото на настанот се испратени повеќе спасувачки единици, а според управата интервенирале спасувачи на пештери и нуркачи од спелеолошките заедници Постојна, Љубљана и Ново Место кои ноќта успеале да стигнат до затрупаните лица.
„Тие беа фатени на суво и безбедно место зад сифонот, но многу длабоко во пештерата“, изјави Валтер Закрајшек за Н1. Нуркачите им доставуваат храна и вода, комуникацијата е отежната поради оддалеченоста од 2.400 метри.
Не е сосема јасно кога заробените луѓе ќе можат да излезат од пештерата бидејќи се зависи од тоа кога ќе падне нивото на водата.