Бројката на нови случаи на голема кашлица се зголеми за плус четири со што се евидентирани вкупно 22 од почетокот на годината. Оваа информација ја потврди и портпаролот на Комисијата за заразни болести др. Злате Мехмедовиќ
Имено вчера Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на магарешка кашлица во Скопје.
18 заразени со голема кашлица, овој број расте, па препорачуваме епидемија за град Скопје. Тоа треба да ни помогне во спречување на ризикот. Очекуваме да излезе упатство за постапување во ситуации на епидемии. Клучните активности треба да се насочени на пополнување на промашените вакцини, за пертусис, не е вакцинацијата на задоволително ниво рече првиот човек на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.
Комисијата за заразни болести исто така препорача забрана за деца невакцинирани од пертусис во градинка и притоа посочија дека фокусот им е заштитата на најмалите и ги повикаа родителите да се придржуваат до распоредот за вакцинација, која започнува од вториот месец“
Оваа препорака не се однесува на училиштата, туку само на градинките, кажа Петличковски.
Заразноста на оваа болест трае 5-6 дена, инкубацискиот период може да се движи од 7 до 21 ден, а потврдените случаи по започнување на антибиотска терапија да останат во изолација, пет дена.