Регионалниот ЦУК Делчево известува дека, од 16:30 часот, градот Делчево бил зафатен со големо невреме (врнежи од дожд и град), при што имало поплавени објекти од поројните дождови.

Во моментот на информирањето, екипите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Делчево во секој момент очекуваат да престане дождот за да излезат на терен и да интервенираат.