Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 75,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 77,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)ќе се продава за 68,50 денари за литар.

Малопроджната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 68,50 денари за литар.

За 1,108 денари поскапува и Мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 42,780 денари.