Гостиварец, за кого имало распишано потерница за издржување казна затвор е уапсен кога се обидел да влезе во Македонија на граничниот премин Табановце, на македонско-српската граница.
Денеска (21.01.2022) во 05.05 часот на Граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, лишен е од слобода Е.Х.(27) од гостиварски Добри Дол. По извршена проверка од страна на полициските службеници било констатирано дека за него била распишана потерница за издржување на казна затвор поради сторени кривични дела – информираат од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.