Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ остро го осуди вчерашниот напад и говор на омраза насочен кон Александра Соколова, кандидатка за советничка во Кочани. Според неа, овие напади не се само лична цел кон Соколова, туку кон сите семејства кои ги изгубија најблиските во трагедијата во Пулс.
„Оттука, наместо да бидеме среќни, што се интегрирани во општеството, што учествуваат во носењето на одлуки во општините и во општеството, некој се дрзнал да ги линчува. Затоа, ги повикувам сите институции, доблесно да ја спроведат правдата. Но, во исто време ги повикувам сите женски организации, душегрижници и борци за женски права, да го осудат овој говор на омраза. Тука го спомнувам и го повикувам Форумот на жени од СДСМ да го осуди овој говор на омраза како и Клубот на пратенички којшто го води Јована Тренчевска. И повторно ќе повикам на разум, затоа што навистина донесовме низа документи, резолуции, кодекси за фер и демократски избори, само треба доблесно да се почитуваат, достоинствено да ја водиме оваа кампања која што ќе следи за локалните избори“, истакна Пешевска.
Уште еднаш повикувам разумот да надвладее и да ги оставиме овие луѓе коишто ги изгубија своите најмили, коишто се соочија со најголемата болка во животот, да бидеме благодарни што собраа храброст да се вклучени во општествени процеси, додава Пешевска.
Се очекува сите страни да се придржуваат кон демократските принципи и да ја почитуваат болката на семејствата погодени од трагедијата.