Дрвјата биле бетонирани по грешка на изведувачот, велат градските власти, а службите кои работат на Кејот 13 ноември, набрзо по бурните реакции на социјалните мрежи, со хилти го раскопаа бетонот и досипаа земја.
– Со ослободувањето, сите дрвја на кејот сега се целосно заштитени и нема да имаат последици при нивното растење и развивање. По налог на градоначалникот Шилегов, од страна на градскиот инспекторат беше направен и записник според кој изведувачот ќе биде казнет, велат градските власти.
Инаку, реконструкција на кејот од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост чини 1,5 милиони евра, средства обезбедени од на Град Скопје. На новиот кеј ќе биде ослободено повеќе место за велосипедистите и пешаците преку целосно спречување за нелегално паркирање на и ограничување на протокот на возила.