Почнаа градежните активности за реконструкција на улица 13 во селото Таринци, како дел од планираните инфраструктурни проекти на Општина Карбинци за 2026 година.

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешната прес-конференција рече дека по надминувањето на имотно-правните пречки, денеска стартуваа градежните работи на втората улица, која се реконструира со поддршка од Министерството за транспорт и врски.

– Со тоа што во текот на летниот период и месеците да имаме целосно реконструирани две улици. Тоа се улица три и тринаесет, која се работи токму денес – вели Паунов.

Станува збор за крупен инфраструктурен зафат што опфаќа повеќе сегменти од уредувањето на просторот. Проектот предвидува комплетно решавање на одведувањето на отпадните и атмосферските води, изградба на тротоари и воведување нови сообраќајни решенија.

– Ова е крупен инфраструктурен проект, затоа што овој проект предвидува целосно одведување на отпадните води, атмосферска анализација, тротоарски решенија и целосно сообраќајни нови решенија – изјави Паунов.

Со реализацијата на овој проект, очекувањата се дека значително ќе се подобрат условите за живот на жителите во Таринци. Надлежните се надеваат градежните работи да се одвиваат со засилена динамика во наредниот период. (МИА)