Вчера, во 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с. Раштак, Скопско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица, градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на еден плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар, при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд-куќите на Б. П. (69) и И. А. (56), двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.