Тој вели дека метежот на избирачките места настанува поради три причини: избирачкиот список има двојно повеќе страници за разлики од претходните избори и проверката оди побавно, потоа, како што вели Даштевски, една четвртина од отпечатоците на прсти на гласачите кои ДИК ги добила од Министерството за внатрешни работи се со лош квалитет па и утврдувањето на отисоците оди бавно. Како трета причина ги наведе ковид-мерките.
Даштевски повтори дека на општинските изборни комисии им е пратено упатство, избирачките одбори во просторијата за гласање да пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање.