По вчерашните провокации во главниот град при Денот на албанското знаме се огласија од навивачката група „Комити“ кои велат дека преку масовно кортео во недела треба да се покаже нивната љубов кон клубот, но и татковината.
Вардар во недела ќе се соочи со Тиквеш во рамки на 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.
По вчерашните немили случувања со македонското знаме, навивачката група „Комити“ соопшти дека влезот на мечот ќе биде СЛОБОДЕН – за сите што ќе понесат со себе МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ.
Ваквиот чин следува по синоќешните инциденти.
Комити веќе години наназад се „во првите борбени редови“ за Македонија.