Не е познато кој пукал, а грчките медиуми објавија дека грчките безбедносни службеници верувале дека станува збор за шверцери. Инцидентот се случил во саботата вечер и покрената е истрага, додава полицијата.
Педесет и седумгодишен граничен полицаец е ранет во стомакот. Тој бил опериран во болница во регионот на Еврос, објави грчкото радио, повикувајќи се на спасувачките служби.
Криумчарски групи постојано се обидуваат да превезуваат мигранти преку плитките води на реката Еврос од Турција до Грција, а со тоа и до Европската унија за време на летната суша.
Грција гради ограда долж оваа граница за да спречи илегални премини. Според податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, од почетокот на годината до 14 јули оваа рута од Турција до Грција ја минале 3.168 лица.