Тој го нападнал папата кога влегол во православниот храм, пренесуваат медиумите.

-Папо, ти си еретик, викал постариот свештеник.

Објавено е и видео на кое се гледа грчкиот свештеник, кој бил однесен од полицијата. Сведоците велат дека викал доволно гласно и дека папата го слушнал. Тој и паднал во моментите кога полицијата го однела.

За потсетување, папата Франциск за време на посетата го замолил поглаварот на Грчката православна Црква, Јероним 2, за прошка за злосторствата кои ги сторила Католичката Црква во минатото.