-За овие информаци нема никакви доказаи. Ги отфрламе. Имаше случаи на убиства на поранешни припадници на безбедносните сли, но поради ривалство и лични причини. Доколку имаат документи и докази, нека ни ги покажат, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи Кари Саџед Хости во видео-порака испратена до агенциите обаќајќи им се на западните земји и оценувајќи дека е „неправедно“ да се обивнуваат талибаните за тие убиства.

Хости потсетува дека талибаните по преземањето на власта во земјата прогласија општа амнестија за сите припадници на безбедносните сили на пореншениот режим. Многи од нив „мирно живеат“ во земјата благодарејќи на таа амнестија, иако „убиле стотици (талибански) борци и цивили“ во текот на дваесетгодишната војна, додава.

Во саботата САД и дваесеттина земји нивни сојузници, меѓу кои и Велика Британија, Јапонија и Европската унија, изразија „крајна загриженсот“ поради наводни ликвидации кои ги извршил талибанскиот режим над поранешни припадници на безбедносните сили а коишто наводно ги откриле организациите за човекови права и побараа брзо отворање истрага.

Невладината организација Human Rights Watch на 30-ти ноември објви извештај во кој го вели дека се документирани „убиства и исчезнувања на 47 поранешни припадници на авганистанските безбедносни сили кои се предале или талибанските сили ги заробиле меѓу 15-ти август и 31-ви октомври“.

Вашингтон и неговите сојузници побараа „брза и транспарентна истрага“. „И во иднина ќе судиме за талибаните според нивните дела“, потсетија.