-Тој развил благи симптоми. Сите со кои бил во контакт се ставени во карантин. Меѓу нив засега нема позитивни случаи, изјави шефот на грчката агенција за јавно здравје Теоклис Заутис.
Омикрон, кој првпат бил идентификуван во Јужна Африка во почетокот на минатата недела, е последниот сој кој предизвика глобална загриженост. Надвор од Африка, неговото присуство веќе е потврдено во десетина европски држави, како и во САД, Канада, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја.