На оваа средба, како што соопштија од неговиот Кабинет, се дискутираше околу Уставниот Суд, владеењето на законот и реформите во правниот систем.
Груби и Мурати разговараа и околу правичната и соодветна застапеност на вработените во овој Суд, вклучувајќи ги и последните унапредувања што се направени почитувајќи го целиот процес кој е загарантиран со Закон и Устав.
На состанокот е проценето дека мандатот на Мурати е завршен со достоинство и успех, додека во овој период Владата обезбеди средства во буџетот за подобро функсионирање на оваа институција.
Уставниот Суд ја обезбедува функционалноста на институциите во земјата гарантирајќи ја заштитата на слободата и човековите права.