Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска учествуваше на „Women Peace Security “ во Приштина во организација на претседателството на Република Косово.

„Во пеколот има посебно место за секој маж кој не им помага на жените“, рече Груби во обраќањето парафразирајќи ја изјавата на првата жена државен секретар на Америка, Меделин Олбрајт која изворно гласеше: „Има посебно место во пеколот за жените кои не си помагаат меѓусебно“. Да заклучиме, драги дами и господа, рече Груби, жените навистина владеат.

Говорејќи за војната во Украина, Груби изјави во овие турбулентни времиња низ кои поминуваме сега, сè уште недоволно закрепнати од последиците на пандемијата, нашето внимание и грижа веќе се насочени кон отворениот фронт на војната во Украина, каде што се темелите на континенталниот мир и безбедност, нападнати или поточно, таму каде што светскиот поредок е под закана.

„Кога се повторуваат вакви страшни настани, без разлика дали се случуваат блиску или далеку од нас, ние кои за жал сме поминале низ вакви слични искуства, не можеме ладнокрвно да ги гледаме овие настани како гледачи. Не е само звукот на авионите, тенковите и артилеријата што го слушаме преку медиумите, туку ова е моќен повик кој бара правда, мир, слобода и крај на уништувањето“, рече Груби во својот говор.

Како што додаде, уништувањата и жртвите во Украина потсетуваат на уништувањата и жртвите во крвавите војни што се случија во 90-тите години на Балканот.

За жал, рече Груби во обраќањето, сè уште има луѓе кои не научиле од ваквите тажни настани, од катастрофите на минатите војни, од ужасните дела на злите идеологии и деструктивни режими кои оставија многу урнатини, буквално и метафорично.