Првиот вицепремиер Артан Груби во вестите на Канал 5 го објаснува инцидентот со запаленото Ауди, кое тој го користел.

Груби вели дека има тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот, како од опозицијата , одредени медиуми кои тенденциозно известуваат. Исто се случуваше и со моите деца кои одат во јавни училишта, кои се на подложени на секојдневен притисок.

Истрагата ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го напрачал и тој што го извршил палењето на возилото. Се надевам дека според она како работат институциите, презедоа огромна операција , имаат добра координација така што набргу ќе се реши.

На прашањето на Гоце Михајловски за тоа дали станува збор за пресметка со поранешни сопартијци или криминална пресметка, тоја вели дека има индиции дека станува збор за политички чин.

Возилото Ауди од 2008 го продадов и за приватни потреби ги користам возилата на моите браќа, Ксарата на татко ми , како и други возила. Апсолутно Аудито не е мое возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција и не го користев ова возило 10 дена. Лажни се снимките дека неодамна сум го користел тоа возило, и тоа од 2019. Сите претпоставувале дека возилото е мое лично. Пријателот ми е близок и живее во моја близина. Имаше флешери возилото , вели Груби.  Вели дека пријателот е успешен бизнисмен преку 30 години и може слободно да го испитаат потеклото на неговиот имот.

Ги поканувам сите институции да истражат било каква претпоставка дека имам некаков имот и дека од целито анстан во 3 и пол наутро пред моите деца , не изразија жалење. Ова за мене говори за многу жална ситуација во која се наоѓа нашето општество. Нека се истражи чие е возилото.

Сега веќе не се движам сам , зашто таа насилна вербална агресија станува физичка агресија.