Во заедничката студија објавена минатата недела беше посочено дека најверојатниот пат за пренесување на коронавирусот вклучува лилјаци и други диви животни во Кина и Југоисточна Азија. Беше исклучена можноста дека вирусот протекол од лабораторија.
Во отворено писмо, 24 научници од Европа, САД, Австралија и Јапонија изјавија дека студијата е нарушена од политиката.
Тие сакаа да постигнат толку компромиси колку што е потребно само за да постигнат минимална соработка со Кина“, рече Џејми Мецл од Атлантскиот совет, кој го напиша писмото.
Во писмото се наведува и дека заклучоците од студијата се засновани на необјавено кинеско истражување, додека критичните записи и биолошките примероци „остануваат недостапни“.
Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебреизус минатата недела изјави дека Кина негирала некои податоци.
Лианг Ванијан, виш кинески експерт за Ковид-19, го негираше ова и се чини дека ги отфрла сите понатамошни заеднички истраги во Кина, велејќи дека фокусот треба да се насочи кон другите земји.
Мецл рече дека светот можеби ќе мора да се врати на Планот Б и да спроведе истрага „на најсистематски можен начин“ без кинеско учество.
Кина ги негираше обвинувањата дека САРС-КоВ-2 протекол од истражувачка лабораторија во Вухан, градот каде што првпат бил идентификуван Ковид-19.