На 27.05.2022 во 20.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно меѓусебно нетрпение, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.Д.(29) и Д.И.(57), од една страна и С.К.(52) и З.К.(25), од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.