Мажите мора да престанат да ги исклучуваат жените од мировните преговори во светот, порача генералниотѕ секретар на ОН Антонио Гутереш, предупредувајќи дека во конфликти како што е руската инвазија на Украина, ситуацијата всушност „се враќа наназад“.
Недоволната застапеност на жените во таквите преговори од Украина до Авганистан, Мјанмар и Мали покажува „како трајните нерамнотежи на моќ и патријархатот продолжуваат да нè водат кон неуспех“. На посебен состанок на Советот за безбедност, Гутереш коментираше дека правата и слободите на жените се намерно прекршени во овој поглед. Но, „правото на жените на еднакво учество на сите нивоа е од суштинско значење за градење и одржување на мирот“, рече Гутереш.
Тој истакна дека руската инвазија на Украина принудила милиони жени и деца да ја напуштат земјата, ставувајќи ги на висок ризик од трговија и експлоатација од секаков вид.
-Жените кои избрале да не се евакуираат сметаат на здравствена заштита и социјална поддршка. Затоа, нивните ставови се критични за разбирање на динамиката на конфликтот и го прават нивното учество суштинско за решавање на конфликтите, додаде Гутереш.
-Во многу области, мажите на власт работеа активно на исклучување на жените, рече Гутереш, укажувајќи на Авганистан, каде што речиси 20 милиони авганистански жени и девојки се запоставени“. Во Мјанмар „жените не можат отворено да зборуваат и немаат пат до политичко учество, додаде шефот на ОН.
-Последователните воени удари, исто така, доведоа до тоа жените да станат посиромашни и маргинализирани во Мали, каде што екстремистите претставуваат уште поголема закана, рече Гутереш.