Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека Али Ахмети е најкорумпиран, и стои на чело на структурирана криминална група.

„Никој никогаш не бил и е денес против коридорите 8 и 10. Оние што досега не ги изградиле нека одговорат. За 20 години не можат да се изградат ни 2 км.

Али Амети, како најкорумпиран, самиот стои на чело на структурираната криминална група. Доволно е само да се спомене аферата Телеком“; вели Хајредини.