Компанијата викендов потврди дека нивната подружница во САД која собирала податоци за клиентите за потребите на одделот за маркетинг и онлај продажба била жртва на хакерски напад.
Хакерите украле од системот податоци за повеќе од 3,3 милиони луѓе, пренесува Ројтерс.
Станува збор за податоци кои вклучиваат имиња, телефонски броеви, имеил и адреси на живеење, а во одреден број случаеви и ВИН броевите на нивните автомобили, како и броевите на возачки дозволи и броеви од социјалното осигурување, што во САД се посебно осетливи податоци.
Украдените податоци се однесуваат на купувачите на Волксваген и Ауди возилата, како и оние кои ја контактирале компанијата интересирајќи се за можноста да купат возило.
Компанијата веќе исконтактирала 90 илјади од своите клиенти на кои им се украдени најосетливите податоци и им била понудена бесплатна помош во заштитата на нивните податоци.