На Инфективното одделение денеска се лекуваат 32 пациенти, слободни места имаат за 28 лица. Утринава од ковид центарот, како оздравени пациенти си заминале 18 , а се примени седум. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека деновиве се намалува бројот на пациентите, но и потрошувачката на кислород, којашто достигнуваше дневно и над еден тон.
-ДЕНОВИВЕ ИМАМЕ НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ТЕЧЕН КИСЛОРОД И ДВЕВНО СЕ ДВИЖИ ОД 600 ДО 700 ТОНИ. НО, ЗАГРИЖУВА ТОА ШТО ПАЦИЕНТИТЕ КОИ ДОАЃААТ СЕ ВО ТЕШКА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ЃЕОРЃИЈЕВ.
Апелира граѓаните да се воздржат од собирање и дружби за време на празниците, за да немаат повторно полни болнички капацитети, но и да си го зачуваат своето здравје и на најблиските во семејството, а особено на повозрасните граѓани.