Имено, како што беше наведено, војводата и војвотката од Сасекс ја прашале Опра да ѝ биде кума на малата Лилибет Дијана, а водителката сега објасни што е во прашање.

– Јас сум само сосетка и пријателка, верувам дека тие ќе земат некој помлад за таа улога – објаснила Опра, која е во добри односи со своето семејството од 2018 година, кога добила покана за нивната кралска венчавка.

Во текот на интервјуто, Опра открила дека многу ѝ се допаѓа избраното име за девојчето и дека ќе им испрати специјален подарок на гордите родители за „Денот на таткото“.

Интервјуто што го направи со Хари и Меган беше едно од најшокантните во нејзината кариера. Во меѓувреме, тие станаа родители по вторпат – покрај двегодишниот Арчи, сега ја добија и ќерката Лилибет Дијана Маунтбатен – Виндзор.