Според неа, луѓето низ целиот светот во САД гледаат модел за „способноста на соживот на демократијата со економската сила и моќ“. Притоа, потпретседателот истакна дека таквата состојба во земјата може да се разниша, ако во Конгресот не го усвои нацрт законот за реформи на избирачкото право.

-Може да не снема од картата што не покажува како пример за имитација, ако дозволиме да се урне еден од најважните столбови на демократијата, а тоа се слободните и фер избори, изјави Харис.

Таа истакна дека за многу Американци овој проблем не е важно прашање, иако, според неа, треба да биде.

Претседателот Џо Бајден во повеќе наврати претходно ги критикуваше сенаторите републиканци поради топ што неколку пати (во јуни и октомври годинава) ја блокираа иницијативата за реформа на некои делови од регулативата на изборниот систем на САД.

Овој закон е одобрен од Претставничкиот дом уште во март. Меѓудругото, предвидува проширување на можноста за регистрација на избирачите, гласање по пошта и предвремено гласање.

Претседателските и конгресните избори во САД се одржаа лани на 3 ноември. Во услови на пандемија, гласачките ливчиња можеше да бидат порачани по пошта, да се гласа дома и да бидат испратени до изборните комисии.

Републиканците и поранешниот претседател Доналд Трамп, кој на функцијата се наоѓаше до јануари годинава, се против либерализација на изборните права поради наводни можности од фалсификација. Некои републиканци и Трамп сè уште се повикуваат на тоа дека на изборите лани имало нарушувања и не ги признаваат резултатите и победата на Бајден.