Дарко Голубовски – Кнеле, херојот од спотот на песната „Алал Вера” на раперот Слаткаристика и популарниот гостин во една од епизодите на Лазаров Подкаст, од вчера се наоѓа во притвор затоа што штекал дрога за познатиот Штекли – открива Радио Лидер.
Околу четири и пол килограми кокаин биле пронајден кај две лица, а едно од нив е Дарко Голубовски од Керамидница, во скопскоте кругови познат како Кнеле.
Вчера директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев објави дека со уште две лица се проширила групата на познатиот нарко бос Раде Трајковски Штекли која сега се наоѓа во притвор во Шутка.
– Одземени се над 4 килограми кокаин од групата на Штекли. Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавниот обвинител, продолжуваме со активностите против оваа криминална група. По само нецел месец од претходната акција, повторно запленивме значителна количина дрога од истата банда. Борбата против недозволената трговија продолжува – нема непобедливи криминални структури, напиша Јанев.
Детално за вчерашната акција на МВР може да погледнете во продолжение:
РАЗБИЕНА МРЕЖАТА НА ШТЕКЛИ: Запленети 4 кг кокаин во нова полициска акција!
Скопје – Гевгелија – притвор Шутка
Од ОЈО Скопје објавија дека по анализа на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите на 18 и 19 јануари, од слобода се лишени две лица. Тие се сомничат за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“.
Истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика откриле дека првоосомничениот, приведен во Гевгелија, сокрил 3,5 килограми кокаин во бункер на патничко возило.
– При дополнителни претреси во домовите на приведените, пронајден е уште еден килограм кокаин. Обвинителството издаде наредба за истрага и побара притворски мерки од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, информираат од ОЈО.
Гротескна фигура
Во скопските кругови Дарко Голубовски е познат како гротескна фигура која постојано сака да биде во друштво на подземјето.
Доколку го отворите неговиот фејсбук профил таму ќе видите многумина од скопското подземје. Освен во прегратките на Раде Штекли, таму него може да го видите и заедно со еден од синовите на Сашо Мијалков, со познати скопски угостители но и со јавни личности.
Прекарот Кнеле – како што сведочи во една од епизодите на Лазаров Подкаст во која беше портретиран како херој – тој самиот си го дал затоа што бил импресиониран од ликот и делото на српскиот дизелаш Александар Кнежевиќ Кнеле кој е убиен во 1992 година.
Тој беше херој и во спотот на песната „Алал Вера” на раперот Марко Маринковиќ Слаткаристика.