-Поминуваме низ врвот на третиот бран, но падот на стапката на зараза се уште не е доволно силен, напиша холандскиот министер за здравство Уго де Јонг на твитер.
Теретаните, зоолошките градини и забавните паркови требаше повторно да се отворат на 11 мај, но тоа е одложено најрано за 18 мај.
Холандија минатата недела малку ги ублажи ограничувања, укинувајќи го ноќниот полициски час и дозволувајќи им на баровите и рестораните да служат мали групи на отворено помеѓу пладне и 18 часот.
Бројот на пациенти со коронавирус во холандските единици за интензивна нега во последните неколку недели се искачи на највисоко ниво оваа година, а бројот на случаи достигна нивоа регистрирани на почетокот на годината.