Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.739 и има околу 220 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 122 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 89 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 49 пациенти, во Велес се лекуваат 102 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 109 пациенти, во Прилеп 144 во ковид-центарот во Гостивар 44, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 33 во Кичево 31, Кавадарци 78, а во Гевгелија 26 лица позитивно и суспектно на корона вирусот.
– Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, потенцираат од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
– Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од министерството.