Џенифер Лопез уште еднаш ја потврди својата препознатлива модна храброст на јавните настани. Популарната пејачка и актерка се појави во атрактивно модно парче кое откриваше голем дел од нејзината фигура.

Таа веќе подолг период го привлекува вниманието на јавноста со своите изјави поврзани со разводот од Бен Афлек, но и со смелите модни комбинации што ги избира за црвениот тепих.

По неодамнешното појавување во креација од тантела која речиси целосно ѝ ги откриваше градите, таа повторно изненади со комбинација во „гола“ нијанса. Овој пат изборот падна врз модни парчиња од чипка со кои ги истакна сопствените атрибути.

Џеј Ло присуствуваше на премиерата на концертниот филм „The JLo Show“ во Лос Анџелес. За забавата организирана по настанот, таа облече црн, целосно проѕирен фустан од тантела со длабоко деколте до папокот, под кое јасно се гледаше нејзината долна облека.

Тоалетата го носи потписот на модната куќа „Долче и Габана“, ја следи линијата на телото и максимално ја истакнува нејзината витка линија.


