На мерката „гарантирани цени“ ѝ дојде крајот, а оттогаш се зголемија цените. Граѓаните реагираат оти и сега едвај крпат крај со крај, а камо ли по новото поскапување.
Битиќи смета дека дел од компаниите ќе ја задржат мерката „гарантирана цена“
Вицепремиерот за економски прашања чие име фигурира како еден од носителите на листи на СДСМ, Фатмир Битиќи вели дека дел од компаниите ќе ја задржат мерката „гарантирана цена“.
Битиќи упати порака до сопствениците кои имаат компаниите дека до 15 мај ќе ја почитуваат оваа цена. Тој посочува дека ова е како дел од Законот против нефер трговски практики. Инаку, ваквиот закон денеска е пред пратениците во Собранието кои имаат ќе го гласаат на пленарна седница.
Синдикатите против владината одлука
Синдикатите велат дека лошите ефекти од оваа непопуларна мерка дури сега ќе ги почувствуваат сите, поготово граѓаните со ниски примања.
Секое нелогично зголемување на цените ќе биде санкционирано, порачаа од Владата.
Инспекторите најавија проверки на терен
Пазарните и трудовите инспектори од петок ќе излезат на терен во контрола на цените на храната, но колку на пазарот ќе се стави ред не може никој да каже.
Синдикатите по којзнае кој пат алармираа дека мора да има реално зголемување на платите за граѓаните да живеат нормално.
Синдикална кошница се зголемува
Во меѓувреме, статистика пресмета дека на едно семејство за да го истурка месецот му се потребни околу 1.000 евра.
Според Организацијата за храна на Обединетите нации, цените на храната значително паѓаат и се најниски во последните три години. Кај нас, сепак трошоците за живот од месец на месец само растат.
Извор: А1он