Меѓу нив се и 1.952 пациенти на болничко лекување од кои 253 се приклучени на респиратор.

За изминатото деноноќие се пријавени и нови 59 смртни случаи што претставува најголем број на починати во земјата во четвртиот бран на инфекцијата. Седумнаесет од пациентите биле вакцинирани со две дози на вакцина, а еден со една доза.

Бројот на лица во самоизолација во моментот е 22.408, вкупно оздравеле 467.549 пациенти од кои 3.791 во последните 24 часа. До денеска се тестирани 3.197.585 милиони лица или 12.925 во изминатото деноноќие.