Хуманитарна аукција за Кочани
Вчеравечер се одржа хуманитарна аукција организирана од „SupportKocani“. Беа собрани речиси 30.000 евра за помош на повредените лица од трагедијата во Кочани.
На настанот присуствуваа претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со генералниот секретар Ѓорги Божинов, претседателот на СДСМ Венко Филипче, пратениците Миле Лефков и Павле Арсоски, како и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, и в.д. градоначалникот Венко Крстевски. На аукцијата се надаваа политичари, бизнисмени и граѓани. Целта да се соберат средства за повредените, од кои дел се уште се на лекување.
Велосипедска тура во чест на загинатите
На 4 мај ќе се организира велосипедска тура под името „62 километри“, во знак на почит кон загинатите во трагедијата во Кочани.
„Учесниците ќе возат по стариот пат во правец кон Штип и назад, во вкупна должина од 62 километри,“ најавуваат од организацијата.
Трагедијата што ја потресе Македонија
На 16 март 2025 година, избувна пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени.
„Подоцна, поради сериозноста на повредите, починаа уште тројца, а бројот на жртви се искачи на 62,“ соопштија од здравствените институции.
Дополнително, животот го загуби и возач на Брзата помош, кој тој ден цело време превезувал повредени лица.
Многу европски земји изразија поддршка и испратија помош за Македонија по оваа трагедија.
Барање за правда
Семејствата на загинатите продолжуваат да бараат правда за нивните најблиски. По предметот активно работи МВР и досега има над 50 уапсени.
Повторно проширена истрагата за Кочани: Уапсени уште седум лица
Извор: Фактор