Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.

– Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).