Од кабинетот на Пендаровски велат дека кој не се сложува во однос на законот и уставноста, може да се обрати до Уставниот суд.
– Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти, наведува Кабинетот на Пендаровски во соопштението.
Инаку денеска, од ДКСК апелираа претседателот на Македонија Пендаровски да не го потпишува законот, бидејќи тој е во сериозен судир со уставот.
И пратеникот Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, вчера од Собраниската говорница побара да се повлече овој закон.