Во Полска се организира лотарија со добивка до еден милион злоти (274.000 американски долари) за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат против Ковид-19, изјави синоќа министерот за имунизација Михал Дворчик, јави ДПА.
Според него, речиси 69 проценти од полските граѓани се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат, но најголемиот проблем е да се осигура дека ќе го сторат тоа. Дворчик потсети дека истакнати спортисти и актери биле вклучени во кампањата за вакцинација.
– Освен овие традиционални форми, ние го даваме овој дополнителен предлог, истакна Дворчик.
Предвидени се награди и за првите петстотини општини од 100.000 злоти (27.397 долари), кои имаат 78,5 проценти имунизирани.
Дворчик наведе дека Владата одвоила повеќе од 31 милиони евра за лотарија, која ќе започне на 1 јули.
Досега се аплицирани 18,3 милиони дози вакцини во Полска, која има над 38 милиони жители. Досега целосно вакцинирани се 5,6 милиони луѓе.