Утрово и швајцарската народна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени, со што ја донесе на 1,5 отсто. Оваа промена на каматната стапка е четврти последователен пораст и промената на референтната стапка е во согласност со очекувањата на аналитичарите, пренесува Фактор.
Најновото зголемување на стапката доаѓа бидејќи домашната инфлација останува далеку над целта на Швајцарската национална банка од 0 до 2 отсто.
Претходно и Централната банка на САД најави дека ќе ги покачи каматните стапки по потресите предизвикани од колапсот на две американски банки. Федералните резерви (ФEД) синоќа ги покачија каматните стапки за четвртина отсто, сигнализирајќи дека има спремност за запирање на понатамошно покачување на чинењето на кредитите. Основната каматна стапка за еднодневни депозити е фиксирана од 4,75 до 5,00 отсто, а ова е деветто зголемување досега во напорите на ФЕД за зауздување на инфлацијата во изминатите две години.
Во однос на банкротот на двете крупни банки, Баката на Силиконската долина Сигначр Банк, ФЕД во својата изјава не напоменуваат за можноста за понатамошно покачување на стапките.
Од друга страна, Швајцарија, каде инфлација се искачи на 3,4 проценти во февруари во однос на претходната година, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, иако потрошувачките цени се дел од растечките стапки на европските соседи на земјата, посочи дека мерките се за зауздување на инфлацијата.
Каматните стапки на земјата за првпат тргнаа од негативна територија во септември, а швајцарската централна банка ги изненади пазарите во јуни кога ги зголеми стапките за прв пат од 2007 година.
Народната банка на Швајцарија посочи дека може да има дополнителни зголемувања на каматните стапки доколку продолжат инфлаторните притисоци.
Швајцарската народна банка беше во центарот на вниманието во изминатата недела откако се согласи да позајми до 50 милијарди швајцарски франци (53,68 милијарди долари) на кредиторот Credit Suisse. Акциите на заемодавачот остро паднаа по веста дека нејзиниот најголем инвеститор, Саудиската национална банка, нема да обезбеди дополнителна финансиска помош.
Резултирачкото спасување ликвидност и преземање на UBS дојде по бурната серија скандали и загуби за Credit Suisse.