Според него, претседателот на партијата, Африм Гаши, бил во контакт со премиерот Заев, но комуникацијата, како што вели, била вообичаена.
– Немаме ниту интерес, ниту покана, ниту понуда да станеме дел од оваа Влада. Не сакам да прејудицирам што ќе се случи, но во моментов состојбата е ваква каква што е, посочи Зеѓирија Ибрахими.