Нивната идентификација е направена со ДНК профили.
Во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот кај селото Боснек, автобус со скопски таблички кој сообраќаше од Турција кон Република Македонија излета и се запали.
-Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов.
Бугарската влада ќе помогне во транспортот со обезбедување на воен авион.