Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во текот на ноќта продолжила копнената операција врз десетици цели на Хамас во Појасот Газа.

Во текот на ноќта, копнените сили ги упатија воздухопловните сили да нападнат зграда во Џабалија каде што беа собрани голем број оперативци на Хамас, се наведува во соопштението на ИДФ.

Според ИДФ од почетокот на војната биле погодени околу 11.000 локации на Хамас и други терористички групи.